ВАШИЯТ КОМЕНТАР Е ОБРАТНАТА ВРЪЗКА КОЯТО ТЪРСИМ

Представяме ви...ООУ 'Блаже Конески' от гр.Скопие

February 8, 2016

Представянето на талантливи участници и хора отдали живота си на възпитанието на децата, стана един от най-приятните моменти в дейността ни. Какво ги мотивира? Какво ги отличава? Какво е общото? Всеки може да намери своя отговор и да сравни своя часовник. Tака разбираме, ставаме една общност отдадена на каузата - днешните деца да направят утрешния ден по-хубав!

 

Запознайте се с малките творци от гр.Скопие и техния ръководител от ООУ 'Блаже Конески'

 

Осното училиште „Блаже Конески“ од Скопје, Р.Македонија, започнува со својата образовно-воспитна работа од 1954 година во една новосоздадена населба Аеродром, а денес таа претставува една од најубавите населби во Скопје. Училиштето го носи името на академик Блаже Конески, кој е создател на македонската граматика, воедно е познат писатели професор. Во училиштето се вработени педесет наставници, распоредени во одделенска и предметна настава во дваесет и пет паралелки.

 

Во нашето училиштесе изведуваат многу активности за претставување на училиштето, за развивање и унапредување на знаењата на учениците, а воедно се спроведува и редовна едукација на наставниците за осовременување на наставата. Едоставно можам да кажам дека нашето училиште сигурно чекори во дваесет и првиот век, век на комјутеризација.

Значајно место зазема и Програма за интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем, во која е предвидено интегрирање на еколошките содржиниво сите одделенија и по сите наставни предмети. Училиштето се здоби и со „Зелено знаме“.И во оваа учебна година продолжува реализирање на проектот –Превнција и намалување на насилство помеѓу учениците, како и проектот за здрава храна. Во соработка со невладини органиозации и оваа година ќесе реализира проектот за превенција и заштита од преносливи и заразни болести.

Нашето училиште успешно  го воведе и инклузивното образование, формиран е Тим за инклузивно образование, во кој тим се вклучени и стручните лица и наставници.

 

 

За успешна работа секој треба да има своја мисија и визија,оваа учебна годинаја следиме нашата:

Мисија: Нашето училиште е безбедно и пријатно место за учениците каде ги реализираме современите програми за задоволување на потребите на учениците за нови знаења,го развиваме  творечкиот и претприемачки дух и  формираме здрави личности.

Визија: Училиштето да биде средина во која учениците ќе доаѓаат со задоволство, затоа што наставата во него ќе биде: современа, квалитетна и прилагодена на потребите и интересите на учениците без разлика на нивната етничка, верска и полова припадност.

 

1/3

 

Јадранка Клисарова - одделенски наставник, вработена во ООУ„ Блаже Конески“ во Скопје.

 

Јас сум  долгогодишен просветен работник, а како знак на мојата посветеност и активност сум добитник на најпрестижната награда за секој наставник, а тоа „ Просветен работник за 2011 година на Р. Македонија„ .

Покрај  својата редовна работа во слободно време создава проза за деца и возрасни.

Досега имам објавено неколку книги, меѓу кои позначајни се романите : „Јато “ и „Амајлија“   и збирките  раскази за деца „Ѕвездено јато“ и „Децата од моето училиште“. Воено сум автор на повеќе учебници и прирачници за наставници.

Мојата улога во општествотото како одделенски наставник ја доживувам како исклучително одговорна и сериозна, затоа што имав можност кај децата да ги всадам  највредните доблести. Стекнатото искуство  е драгоцено како за сегашните така и за идните генерации. Наставничката должност ја извршувам со голема љубов, желба и труд, бидејќи верувам во себе и во тоа дека новите генерациии ја носат иднината.

 

„Учителскиот позив е нешто возвишено, а учителот треба да буди желба за знаење„                                                                                                        рекол: Јан Амос Коменски

 

За целата моја посветеност на работата, сведочат и многу успешни ученици, кои денес се успешни граѓани во Р,Македонија.

 Создавањето и творењето за мене претставува белег кој ќе означи постоењето на една личност и  интелектуално  надградување. Затоа моите ученици ги мотивирам и тие да создаваат и творат, за тоа сведочат и многубројните добиени дипломи од земјата и странство.

Please reload

Featured Posts

ARTweekend - ЛОГО-то!

May 24, 2019

1/10
Please reload

Recent Posts

October 6, 2019

Please reload

Search By Tags
Please reload